Малата тригодишна Бостин уште сега покажува знаци дека има слух за музика и еден ден може да стане музички продуцент. Таа обожава да ја слуша „Going Back to Cali“ од ЛЛ Кул Џеј, а особено ѝ се допаѓа басот во песната. Нејзината мајка вели дека секогаш кога ќе ја пуштаат оваа песна во автомобилот малото девојче бара да се повиши тонот за подобро да го слушне басот. На ова видео тие се дома, Бостин пак ужива во музиката и ја прашува мајка ѝ: „Го слушаш ли тој бас, мамо?“