Го памтите малиот Каи и неговите неверојатни имитации на Бруно Марс? Кој може да го заборави?! Елен Деџенерис беше толку инпресионирана од малата ѕвезда што тој стана редовен гостин во нејзиното шоу. Овој пат таа му приредува вистинско изненадување! Прво слаткиот Каи ѝ подарува честитка за Денот на вљубените, бидејќи таа била неговата прва девојка, потоа ја изведува „Thinking Out Loud“ од Ед Ширан, а на крајот доживува неверојатно изненадување! Погледнете го видеото и видете ја неговата неодолива реакција…