Мајли Сајрус и Џими Фалон им приредија вистинско изненадување на случајните минувачи во њујоршката подземна железница. Пеачката го сокри нејзиниот идентитет со помош на долга кафеава перика и каубојски шешир. Џими Фалон, пак, со тамбурина го придружуваше уникатниот вокал на Мајли додека таа ја изведуваше познатата кантри песна „Jolene“. Она што започна како обична улична изведба во подземна железница се претвори во спектакуларно шоу! Погледнете го нивниот извонреден мини концерт во следново видео…