Девојките, особено во тинејџерските години, повеќе им се доверуваат на нивните пријателки отколку на нивните мајки. Тоа се случува бидејќи сметаат дека нивните врснички подобро ќе ги разберат и ќе можат повеќе да сочувствуваат со нив. Понекогаш одбегнуваат да им кажат некои тајни на мајките поради тоа што се плашат да не бидат казнети или искарани.
Нормално дека постојат и девојки кои се неверојатно блиски со нивните мајки и им го кажуваат секој детаљ од животот. Таков е случајот на овие мајка и ќерка кои имаат одличен пријателски однос. Но, исто толку близок однос имаат и двете најдобри пријателки. Токму затоа мајката и најдобрата пријателка на оваа девојка решиле да се натпреваруваат за да видат кој подобро ја познава. Резултатите се интересни и неверојатно смешни!
Погледнете го ова забавно видео со вашата мајка и најдобра пријателка.