Прекрасен перформанс на двајца акробати од Cirque du Soleil, кој само потврдува дека совршенство може да се постигне со заедничка посветеност и целосна доверба во себе и во партнерот. Замислете какви врски можеме да развиеме со луѓето околу нас, љубовни или пријателски, кога би можеле безгрижно да се предадеме некому и да веруваме непоколебливо дека другата личност ќе нѐ заштити како што и ние би ја штителе и чувале. Уживајте!