Мачка со хипнотерапија се обидува да влијае врз животот на ова куче

Станува збор за интересно видео во кое е додадено „зборувањето“ на една мачка која се обидува преку хипнотерапија да влијае врз животот на ова куче. Таа го масира уморното куче, зборувајќи му дека нему веќе не му се потребни тениски топчиња во животот и преку неговата опсесија со нив се обидува да му ја преземе целата храна и местото за спиење. Кој би рекол дека мачките можат да бидат олку итри?