Сте чуле за играта пиво-понг? Доколку знаете за што се работи, тогаш сигурно ви е познато дека вие и вашиот противник имате чаши полни со пиво пред вас кои треба да ги погодувате со топче. Притоа, секоја погодена чаша треба да се испие. Овој пиво-понг е малку поразличен. Имено, секоја погодена чаша крие интересен предизвик и играчот има избор да го изврши предизвикот или да го испие пивото. Оваа игра звучи забавно доколку ја играте со вашите најдобри пријатели, но замислете си како би изгледало кога би играле со човек кого не го познавате! За да бидат работите уште поинтересни, победникот добива 200 долари. Што мислите, кој ќе победи? Погледнете го следново видео за да дознаете…