Божиќните кратки филмови стануваат како еден вид традиција за овој магичен период од годината. Секоја година излегуваат сè покомплексни и поскапи продукции, што луѓето едвај чекаат да ги гледаат, да зборуваат за нив со најблиските и да се инспирираат. Но, ова видео чинело само 3.000 денари за да се изработи, а веќе ги надминува сите големи имиња што објавија ваков филм. Станува збор за приказната на Фил Бистал, што поминала незабележано во 2014 година. Тој решил оваа година одново да ја објави на Фејсбук и тоа што се случило ги надминало сите негови очекувања. Над 7 милиони луѓе го прегледале видеото! Погледнете го и вие и дознајте зошто…