Во ова видео учествувале личности на возраст помеѓу 49 и 75 години кои биле дијагностицирани со Алцхајмерова болест. Кога од нив било побарано да го споделат првото сеќавање во нивната глава, сите тие раскажуваат по една интересна и детална приказна. Од друга страна, кога ќе ги прашаат да го споделат последното нешто на што се сеќаваат, тие не можат да се сетат ни што правеле утрото. Токму тоа е еден од застрашувачките симптоми на оваа болест. Но, што е тоа што тие никогаш не би сакале да го заборават?