Лејди Гага ја знаеме како ексцентрична пеачка, со уникатен стил и необични настапи поради што некои луѓе ја обожаваат, но некои не можат да ја поднесат. Во секој случај, едно е сигурно – на Лејди Гага никој не може да остане рамнодушен. Но, овој пат оваа извонредна пеачка можеме да ја видиме во поинакво светло: Без шминка, во секојдневна облека, само со акустична гитара и нејзиниот неверојатен глас. Вака нејзиниот талент навистина доаѓа до израз! Погледнете ја нејзината изведба во живо во Јапонија и уверете се во тоа и самите…