Љубовта бара преземање ризици и голема пожртвуваност, но доколку е вистинска, секогаш успева да ги надмине сите предизвици и пречки на патот. Овој кус анимиран филм ќе ви ја раскаже љубовната приказна на два лика кои се заробени во механизмот на еден часовник. Кога момчето ќе најде начин да се ослободи, ќе мора да се впушти во опасна авантура за да ја спаси и саканата. Што мислите, дали љубовта ќе победи? Погледнете го ова прекрасно видео за да дознаете…