Повеќето луѓе имаат одредени стравови, а тоа е честа појава и кај домашните миленичиња. Но, дали сте виделе куче кое се плаши од правосмукалка и тоа само од нејзината појава? Кучето на ова видео се плаши да се приближи до машината и покрај тоа што таа не е вклучена и не го испушта непријатниот звук. Неговата сопственичка се обидува да го натера да земе топче, но тоа едноставно се „закопува“ во место и не мрда, додека пред него се наоѓа правосмукалката.