Животот денес е брз и динамичен, но сепак на многумина им се случува да заглават во рутина и да станат жртви на монотоното секојдневие. Сѐ додека не ја запознаат љубовта на нивниот живот! Рутината останува иста, но сега барем имаат со кого да ја споделат. Одеднаш сите здодевни работи делуваат забавно и интересно, а насмевката не исчезнува од лицето. Меѓутоа, честопати партнерите не се на иста бранова должина и нештата тргнуваат наопаку. Погледнете го животот на овој млад човек во следново видео кое одлично покажува како функционираат модерните љубовни врски…