Вертикалното паркирање на велосипедите не е ништо ново. Идејата постои веќе некое време, но оваа најнова направа што се вика „Parkis“ е толку едноставна што дури и мали деца и постари луѓе можат да ја користат без никаков напор. Освен што ваквиот начин на паркирање на велосипедите заштедува многу простор, исто така го решава и проблемот со велосипедските редици, односно со многуте велосипеди потпрени едни на други. Благодарение на „Parkis“, луѓето нема да мора да помрднат ниту еден од велосипедите за да го земат нивниот.
Оваа направа може да се набави од Kickstarter за околу 255 долари. Погледнете го видеото за да видите точно како таа функционира…