Правењето на овој краток анимиран филм започнало уште во 2016-та година, а ја доживеал премиерата во 2017-та. Минатата година филмот бил на турнеја и бил претставен на 17 фестивали ширум светот, каде што се закитил и со неколку награди. „Да се биде добар“ (Being Good) е филм за идентитетот и разбирањето на концептите за правилно и погрешно. Главниот лик е тинејџерка по име Ембри, а покрај неа се и нејзиниот ангел чувар Ава и демонот Мал кои се како нејзината свест. Иако Ава и Мал лесно можете да ги категоризирате како „добри“ или „лоши“, филмот ја развива идејата за нивната човечност и нивните недостатоци.