Колку пати сте посегнале по нешто во вашиот фрижидер и сте сфатиле дека неговиот рок истекол или пак, дека скапало? За жал, многумина од нас прават лоши избори кои водат до губење храна, пари и вода. Ние сме навикнати да купуваме премногу нешта, повеќе одошто навистина ни требаат, кои потоа за жал завршуваат во ѓубре. Воопшто не ни размислуваме за штетата која ја правиме со ова однесување. Токму тоа и се обидува да ни го покаже ова одлично видео за животот на јагодите, кој започнува на нива, а завршува во кантата за отпадоци.