Идеалот за женската убавина многу се промени. Од класичната убавина која важела порано, денес за убава жена се смета онаа која е разубавена со помош на скалпели, липосукција, имплатни и шминка. Од промена на бојата на косата, до комплетна трансформација на лицето и телото – навистина денес можеме да бидеме кои сакаме, барем физички.
Францускиот уметник и режисер Фредерик Доаезен фантастично ја прикажува реконструкцијата на женската убавина, која за жал не завршува со скапите софистицирани операции и третмани за убавина. Колку и да сте „за“ или „против“ новите методи на разубавување со помош на ножеви и инјекции, не можете да одречете дека она што се случува на крајот во видеото е реалноста со која се соочуваме денес. Нели?