Сите ние знаеме дека жените имаат тенденција да трошат повеќе на продукти за здравје, хигиена и убавина за разлика од мажите, но кога ќе ги погледнете бројките едни до други, нештата стануваат многу посериозни. Ова видео ни покажува колку отприлика е разликата помеѓу утринската рутина на жените и мажите во текот на една година. Според податоците, на една жена ѝ се потребни околу 1.832 долари годишно, додека мажите поминуваат и со 691,52 долари. И тука не се вклучени цените на облеката.