Само што помисливме дека трендот со контури е завршен, се појави сосема нов метод кој ги изненади сите жени ширум светот. Мејкап артистката позната како Belladelune на Јутјуб, објавила ново видео со кое го започнала овој нов тренд, користејќи екстремен метод на шминкање, правејќи ја да изгледа како кловн.
Бидејќи долго време ја нарекувале кловн поради екстремните контури кои ги користи, Бела објаснува дека сака да им испрати порака на сите жени дека шминката е забавна и е само еден начин на кој можете да се изразите. А зарем има нешто позабавно од цртањето емотикон кака на вашето чело?
Откако Бела ќе го исцрта своето лице со интензивни бои, таа ги спојува сите во неверојатен финиш. Трансформацијата е неверојатна!