Ќерката на еден индиски војник кој починал на бојното поле во 1999 година, Гурмехар Каур, има важна порака до светот за надминување на омразата и барање мир. Во ова моќно видео таа бара крај на војната, тероризмот и шпионирањето.
Со помош на зборови напишани на листови хартија, Каур се потсетува на нејзиниот татко и го објаснува процесот на тагување низ кој минува во текот на целиот нејзин живот. Таа опишува како е да се изгуби сакана личност во војна, но и како да се трансформира омразата во реално сфаќање на вистинските виновници за загубата.
Ова видео можеби се однесува директно на војната помеѓу Индија и Пакистан, но реалноста е дека нејзината порака важи за целиот свет. Таа вели:
„Ако Франција и Германија можат да станат пријатели по 2 светски војни, ако Јапонија и УСА можат да го тргнат настрана нивното минато и да работат кон напредок, зошто да не можеме и ние?“
На крај таа завршува со многу важна порака во која можат да се пронајдат сите оние кои загубиле сакана личност од војната, без разлика во која земја живеат.
„Сакам да живеам во свет каде што нема Гурмехар Каури на кој им недостасува нивниот татко. Јас не сум сама, има многу како мене.“