Како на филм: Прескокнала со автомобилот преку подигнат мост

Ваква сцена не може да се види секој ден во живо. Жена во жолто „пежо“ буквално го прелетала подигнатиот мост во Тисно на хрватскиот остров Муртер, кој во моментот бил на два и пол метри висинска раздалеченост од другата страна. Според очевидците, и покрај уредната сигнализација и предупредувањата со гестикулации што се обидувале да ѝ ги дадат отспротива, таа со полна гас поминала преку мостот, а после 20 метри застанала. Од автомобилот едвај излегле жената и ќерка ѝ поради активираните воздушни перничиња.

Инаку мостот ви Тисно се подига секој понеделник, среда и петок во 9 часот наутро за да можат наутичарите да се поврзат со теснецот кој Муртер кој дели од копното.