Кога ќе го слушнете зборот „убавина“, што ви паѓа прво на памет? Дали си замислувате девојка со правилни црти на лицето и убаво тело, висок маж со мускули или пак личност која зрачи со самодоверба? Без оглед на тоа кој е вашиот одговор, сигурно ќе се согласите дека поимот „убавина“ има различно значење за сите луѓе на светот. Погледнете го следново видео и дознајте како луѓето од различни места на Земјината топка ја дефинираат убавината…