Технологијата олеснува многу работи, меѓу другото и такви кои не би сакале да се случуваат. Во ова видео се презентира начинот на кој може да ви биде украден пин кодот од картичката, уредот со кој тоа е возможно и како тоа да го спречите. Имено, се работи за уред кој се прикачува за задниот дел од телефонот, а неговата функција е да прикажува инфрацрвена светлина. Уредот работи така што кога ќе го насочите кон предмет кој бил затоплен (на пример со човечка топлина), точно се гледа обликот, локацијата и интензитетот на затопленото место. На истиов начин, уредот може да се злоупотреби за читање на комбинацијата на бројки од вашиот пин код кога го внесувате на касите во супермаркетите, како и нивниот редослед на притискање. На металните тастатури (како што се најчесто на банкоматите) овој трик не функционира, но и понатаму може да се примени на еден куп локации каде што пинот се внесува на терминали со гумени и пластични копчиња. Сепак, добрата работа е што постои и трик да ја спречите ваквата измама.