Ако очекувавте инструкции, ова не е таков пост. Се работи за креативна реклама на едно кафуле, кое ги охрабрува дамите да им пристапуваат на момците кои им се допаѓаат со парче торта.
Еве ги нивните „инструкции“:
Дојди во нашето кафуле и купи торта.
Однеси му ја на симпатијата и кажи му: „Ако ти се допадне, треба да бидеме заедно.“
Тортите кај нас се превкусни, така што би требало да успее.
Ако ве одбие, ве молиме дојдете повторно и ќе ви дадеме шолја топло кафе без пари за да му ја истурите во лице.