Доколку сте во брак или во долга сериозна врска, знаете како е да се биде зависен од друштвото на партнерот. Можеби си праќате слики по цел ден на Вајбер додека сте на работа или секоја вечер ја поминувате заедно во прегратка, но како би се чувствувале кога би биле врзани со лисици за партнерот 24/7?
Можеби некои од вас кои се многу приврзани ќе си помислат: „Па што има лошо во тоа да бидам со момчето цел ден?“ Но, во реалниот живот тоа може да биде слатко на почетокот, а потоа да почне да станува непријатно, па фрустрирачки, па ужасно, за на крај можеби пак да стане слатко. Не е некоја новост дека секоја успешна врска вклучува поминување време заедно, но и поминување време одвоено. Честитки за тие што можат да бидат заедно 24/7, но повеќето луѓе едноставно не се створени за толкава блискост.
Ова видео прикажува како навистина тоа би изгледало во реалноста, а резултатите верувале или не, не се многу романтични.