Еден краток филм, соодветно именуван „SKYGLOW“ и направен од страна на артистите Гавин Хефернан и Харуб Мехмединовиќ ни покажува како ќе изгледаше ноќното небо доколку се гледаше над густо населените области во Северна Америка.
Светлинската загаденост го сокрива небото од жителите на големите градови и не овозможува ниту една ѕвезда да се покаже на ноќното небо. На пример, доколку застанете во центарот на Лос Анџелес или Њујорк и погледнете нагоре, ќе видите само црна темница. Но, доколку излезете од овие градови и посетите некое село во близина, брзо ќе се потсетите и на убавината на ноќното небо. Токму тоа и се обидуваат да го направат овие двајца артисти. Тие сакаат да ве потсетат на убавината на ноќното небо…