„Што би променил/а во светот?“ – прашање кое често се поставува од нашите сопствени глави, па сѐ до натпреварите за убавина. Факт е дека различни луѓе различно би го одговориле. Децата би одговориле многу едноставно, како што би се очекувало од нивната возраст – „Да нема училиште“ или „Не знам, сѐ ми се допаѓа моментално“.
Но, како што растат, така децата стануваат попаметни и поспремни да се соочат со вистината, па така 15 годишник посакува да не се фокусираме толку многу на совршенството, а 14 годишник вели дека посакува еднаквост, „затоа што тоа сѐ уште го немаме“ или можеби одговорот кој најмногу припаѓа во денешната ера – „Претерана употреба на социјални медиуми како начин на поврзување.“
Како вие би одговориле на ова прашање?