Доколку сте го гледале цртанот „Мулан“, сигурно се сеќавате на сцените кога главните ликови тренираа и се подготвуваа за борба, а во позадина течеше оваа песна. Можете ли да си ги замислите сите тие тешки тренинзи во форма на танц? Танчарите Нормани Кордеи и Вал Чмерковски очигледно можеле и создале навистина интересна и динамична кореографија која ќе ве остави без зборови. Најголемото изненадување е кога на сцена ќе се појави и Дони Озмонд, пеачот на песната од цртанот! Погледнете го овој неверојатен танц во следното видео…