Добрата кинематографија може да го однесе филмот на сосема ново ниво, додека лошата може да го уништи и најдобро одглумениот филм. Доколку сакате да дознаете колку се важни кинематографите, изгледајте го ова кратко видео на кое е прикажан секој победник на Оскар за најдобра кинематографија.
Почнувајќи од Оскарите во 1927/1928 година и движејќи се до номинациите за 2018-та година, ова видео е неверојатно 10-минутно филмско уживање. Оваа година Оскарот за најдобра кинематографија му припадна на Алфонсо Куарон за филмот „Рома“ (Roma). Неговата победа е историска бидејќи ова е прв пат некој да добие награда за најдобра кинематографија за филм кој истовремено го режирал. Исто така, ова е прв пат да победи црно-бел филм после „Шиндлеровата листа“ (Schindler’s List) во 1993-та година.