Во последно време излегуваат илјадници забавни социјални експерименти, толку невообичаени и креативни, што ни покажуваат една сосема нова страна на човечкото однесување – нешто што никој од нас воопшто не го ни помислил, а сепак е добро да се знае. Токму ова видео ни покажува дека со допирот кожа на кожа, запознавањето со непознати личности може да се одвива многу полесно и подлабоко отколку доколку истите тие би седеле на спротивната страна од каучот, облечени од глава до пети.