Отсекогаш постоел еден вид индиректен натпревар помеѓу Кока-Кола и Пепси. Некои луѓе се љубители на Пепси, а други не се ни осмелуваат да го оспорат незаменливиот вкус на Кока-Колата и одвај чекаат да дојдат празниците за да уживаат во топлите реклами со добро познатиот Дедо Мраз. Но, дали всушност навистина постои толку голема разлика во нивните вкусови?
Овие луѓе решиле да го прифатат предизвикот и да се обидат да распознаат дали се работи за Кока-Кола или Пепси со заврзани очи. Иако почнуваат многу самоуверено, предизвикот не е толку лесен колку што изгледа на прв поглед. Погледнете го следното видео за да видите дали нивното сетило за вкус е добро развиено и обидете се да го направите истиот предизвик со вашите најблиски.