Еила Кемпбел овој месец полни 94 години и решила да го прослави својот роденден на многу необичен начин. Таа решила да скокне од авион со падобран! Според Еила која никогаш го немала направено ова, моментот бил сега или никогаш. Таа си рекла дека можеби нема да доживее да го направи тоа следната година, па без двоумење го направила својот прв скок. Погледнете како изгледало ова неверојатно искуство.