Гордон Ремзи е еден од најдобрите готвачи во светот, кој честопати го нарекуваат и „лошото британско момче“ поради тоа што нема влакна на јазикот, лесно се нервира и има навистина незгоден темперамент. Веројатно го паметите од ТВ шоуто „Пеколна кујна“ (Hell’s Kitchen) каде што блесна благодарение на неоспорливиот талент, но и бруталните навреди. Овој пат, Гордон Ремзи решава да им приреди изненадување на посетителите на музејот Мадам Тисо во Лондон. Тој се преправа во восочна фигура и до смрт ги преплашува сите луѓе што ќе му се доближат. Погледнете го видеото за да ги видите нивните урнебесни реакции…