Новиот крем за кафе на компанијата „Нестле“ содржи само 4 состојки – па така ова е еден од најздравите кремови за кафе кои воопшто се продаваат. Затоа, преку брилијантен маркетиншки трик, компанијата најмила еден куп актери кои глумат голи келнери во кафулињата за да ја доловат природноста на производот. Реакциите на муштериите се повеќе од интересни…