Роденденската торта е најубавата торта. Прашајте го бебето Медисон, таа ќе ви потврди. Ова неодоливо мало девојченце само што наполнило една годинка и според изразот на нејзиното лице, таа не може да им верува на своите очи кога мајка ѝ ѝ ја носи роденденската торта.
Нема ништо послатко од сведочењето на првите нешта што ги прават бебињата. Во ова видео ја гледаме Медисон која штом проба од чоколадната глазура на нејзината торта, не може да се воздржи и почнува комплетно да се препушта на уживањето. Таа дефинитивно не може да ја изеде целата торта во еден залак, но нејзиниот обид да го направи тоа е неодоливо сладок, а нам ова видео ни го заслади денот.