Со цел да се одбележи месецот за прифаќање на аутизмот, Apple преку ова видео ни го претставуваат Дилан, 16-годишно дете со аутизам кое не зборува.
„Да се има аутизам е како да се живее во пекол“, вели тој. „И тоа е многу осамено искуство. Без глас, луѓето го гледаат само мојот аутизам, но не и вистинскиот јас.“
Но, соништата на Дилан конечно се исполниле, благодарение на технологијата. Тој сега може да ги искаже своите мисли преку ајпед, каде што ги пишува речениците кои потоа се гласно читани од страна на специјален софтвер. Бидејќи сега има сопствен глас, Дилан може да го сподели својот посебен живот со целиот свет.
„Јас можам да го доживеам светот на многу уникатен начин. Можам да го видам ветрот, да ги чујам цвеќињата. Можам да чувствувам неверојатни емоции кои течат од оние кои ги сакам. Во училиште, конечно можам да имам разговор. Јас можам да ги споделувам моите мисли со соучениците и да ги фасцинирам со идејата дека овој чудак е всушност исто толку паметен како и тие. Имањето глас промени сè во мојот живот!“