Последниот хит сингл на Бијонсе – „Formation“ предизвика голема контроверзија. Некои го сакаат, а некои сметаат дека е навредлив. Во секој случај, песната е доста слушана и неколку танцови студија веќе имаат подготвено кореографии кои се и повеќе од одлични. Погледнете го видеото на студиото за танц од Јужна Кореја „1Million Dance“, направено по кореографија од Лиа Ким, кое ќе ве инспирира и натера да посакате да танцувате во текот на целиот ден.