Етикетите им се лепат на луѓето поради различни карактеристики: некој е црвенокос, друг Ром, трет е сиромашен или трансексуалец. Етикетираме по секоја основа и толку често ги преминуваме границите, што едноставно забораваме дека сите ние сме луѓе кои живеат заедно на овој свет.
Видеото „What kind of Asian are you?“ режирано од Дејвид Нептун и Кен Танака на комичен начин ни покажува што се случува кога сме премногу љубопитни за нечие потекло. 2 минути и 20 секунди сосема вредни за гледање.