Малиот Хавиер МекКори од Северна Каролина го добил најдобриот подарок во неговиот живот! Имено, тој своите 10 години ги поминал гледајќи го светот во нијанси на сиво, црно и бело, но благодарение на овие чудотворни очила, нештата ќе се сменат. Овие посебни очила ќе му овозможат да гледа бои, нешто на што момчето отсекогаш се надевало. Веднаш штом ги ставило очилата, солзите самите почнале да се слеваат по неговото лице додека средината околу него ја откривала богатата палета од сини, зелени и жолти бои. Погледнете го ова видео кое несомнено ќе ве разнежи…