Адел неодамна откри дека песната „Hello“ не е за маж. Таа изјави дека „Hello“ е „за пријателите, за бившите момчиња, за мене лично и за мојата фамилија“. Елен во ова забавно видео открива дека дел од разговорот во песната, Адел всушност го правела со неа. Очигледно е дека не се разбираат најдобро. Можеби затоа што Елен не може добро да ја чуе од крцкањето на чипсот во нејзината уста, но сепак едно е сигурно – разговорот се случил. Сè додека на Елен не ѝ заѕвонела втората линија…