Играта во која со мобилни телефони се ловат Покемони и која со вртоглава брзина се прошири низ светот, може да биде и неверојатно опасна. „Покемон Гоу“ ги излудува луѓето и создава зависност. Видеото покажува еден експеримент во кои се снимени деца кои одат во лов на Покемони, а притоа навлегуваат во опасни и темни делови, кои се целосно небезбедни за нив. Експериментот посочува на тоа колку може да биде опасна оваа навидум забавна игра во која децата можат да бидат повредени или киднапирани.