Високите потпетици секогаш достигнуваат нови височини. Претставници од Mode поминале низ еден куп продавници во потрага по високи потпетици од минатото со цел да го претстават нивниот развој во изминативе 10 децении.
Очекувано, но секој пар чевли делува поубаво и поудобно од претходниот. Посетете го овој моден времеплов и ѕирнете ги сите чевли со отворени прсти, платформи, ремчиња и многу други различни видови високи потпетици кои го следеа секој наш чекор последниве 100 години.