Благодарение на нејзините способности, шминкерката Кенди Џонсон ги поместува границите на мејкапот. Една жена, 5 различни личности.
Започнува како готик девојка, потоа има изглед на кукла, па користи минимална шминка за природен изглед. Кенди на одличен начин ни покажува колку умешно знае да шминка.
Не е заборавен ни познатиот гламурозен стил со контурирање кој може да се забележи кај многу познати личности, а тука е и заводливиот пин-ап изглед.
Погледнете го видеото, уживајте и одлучете кој изглед најмногу ви се допаѓа.