Со легализирање на хомосексуалните бракови во Америка голем број луѓе не се чувствуваат добро, ниту пак ја прифаќаат оваа одлука. Најчестата критика доаѓа преку прашањето: „Како ќе им ги објасниме хомосексуалните бракови на децата?“ Токму затоа Џими Кимел решил да излезе на улиците и лично да ги праша најмалите што мислат тие за оваа тема. Нивните слатки одговори зборуваат многу, потсетувајќи нè на една лекција која изгледа често ја забораваме… Најсилната причина за бракот е љубовта, без разлика на полот.