Доколку некогаш сте решиле да преведете цел текст на Google Translate, сигурно сте забележале дека освен што се губи смислата, текстот станува и урнебесно смешен. Ситуацијата станува уште посмешна кога не се работи за обичен текст, туку за песна. Џими Фалон, кој е познат по неговите необични предизвици, решил да го вклучи Google Translate во неговото шоу и заедно со Мајли Сајрус да испеат некои познати песни преведени на бесмислен начин. Па, така „Shape Of You“ на Ед Ширан се претвори во „Your Body’s Curves“, а „Ain’t No Mountain High Enough“ во „Landforms don’t prefer to get high“. Погледнете ги нивните урнебесни, но прилично успешни изведби во следново видео…