Само што ќе помислите дека неделава никако да помине, Џејмс Корден се појавува со ново епско караоке во автомобил и едноставно го разубавува денот на сите. Овој пат, Гвен Стефани се наоѓа на совозачкото седиште, враќајќи нè назад во минатото со хитови како „Don’t Speak“, „The Sweet Escape“ и „Rich Girl“. Но, нештата стануваат многу повозбудливи кога нивните пријатели Џорџ Клуни и Џулија Робертс спонтано ќе им се придружат.