Бриел е експерт за периодичниот систем на елементи, додека Нејт е брoj 1 за географија. Елен имала интересна идеја – да ги запознае овие двајца мали генијалци зад сцената за да видиме како би се одвивал нивниот разговор. Најпрво секој се фали за својата експертиза, па следи споделување на нешто лично („имам парченце ананас заглавено помеѓу забите“), за на крајот да се вратат на фалбите за тоа како секој го поминал својот роденден. Двајцата се неодоливо слатки, но изгледа како Нејт да се бори да држи чекор со импресивниот живот на Бриел. Сепак, како и при секое ново пријателство, на крајот на нивната средба, и нивното се одбележува со ракување. Неодоливо слатко. 🙂
Погледнете го Нејт во своето најдобро светло и слатката Бриел со нејзиниот незаборавен час по анатомија.