Сите ние го живееме животот на нездрав начин. Постојано сме во трка со времето и преокупирани сме со работи што не треба ни да ни бидат на листата со приоритети, а не па на самиот врв на нив. Затоа и забораваме да им обрнеме внимание на оние што имаат најмногу потреба од нас, но исто така и ги пропуштаме оние мали, ситни моменти што можеби не делуваат како важни, но во иднина дознаваме дека ни биле од клучно значење!