Врсничкото насилство може да биде физичко и психичко. Иако физичкото насилство звучи пострашно, понекогаш психичкото е тоа што остава подлабоки траги. Оваа девојка ја малтретирала нејзината соученичка во основно училиште поради нејзината прекумерна тежина. Постојано ја навредувала со погрдни зборови и ја исмевала. 15 години подоцна, таа решава да се соочи со нејзината жртва и да ѝ се извини за да се ослободи од грижата на совест. Во текот на разговорот се случува нешто необично и насилникот и жртвата откриваат дека всушност имаат многу заеднички работи. Што се крие зад маската на еден насилник? Погледнете го ова трогателно видео што ќе ви помогне да сфатите какви последици може да има малтретирањето на луѓето…