Неодамна мајката на ова 3-годишно девојче случајно забележала дека нејзината ќерка има симпатии кон Адам Левин и не може да се помири со веста за неговиот брак, па решила да ја снима додека таа низ плач го изразува своето незадоволство. Многумина се сложија дека овој излив на емоции е неодоливо сладок, но веројатно никој не би очекувал ваков развој на настаните. Елен ја поканила малата Мила во својата емисија заедно со мајка ѝ, каде ја чекало огромно изненадување – Адам Левин во живо. Сепак, нејзиното срце изгледа дека не е подготвено за простување или можеби таа едноставно го преболела и продолжила понатаму. Кој е сега откачен Адам? 🙂